Денес времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можно е локално нестабилно време со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните од 29 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината се можни локални невремиња. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 34 степени.
Во четврток на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, утре и во четврток, невремето може да биде поинтензивно, проследено со обилни врнежи, електрични празнења, силен ветер над 60 km/h и можност за град. Од петок времето постепено ќе се стабилизира.


