Вишка: Ме разрешија од директор на гостиварски театар зошто барав вода и тоалети во театарот

Македонскиот актер Висар Вишка, кој беше назначен за в. д. директор на театарот во Госативар во 2019 година, на својот Фејсбук профил објави видео во кое првично ја покажува неговата канцеларија и ги обвинува властите за лошите и нехигиенски услови во кои работат актерите за време на пандемија.

Од самата видео снимка, и како што тој објаснува, може да се согледа хаотичната состојба на канцеларијата од костимите бидејќи како што тој вели нема каде на друго место да се остават.

Тој исто така посочи дека со негови сопствени финансии купил и балетски пот, поради потребите на претставите.

Вишка истакна дека театарот во Гостивар нема ниту греење ниту тоалети. Ја покажа целата состојба на театарот и ужасната глетка во тоалетите во кои нема вода.

Во продолжение може да го погледнете неговото видео.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега