Вимблдон и официјално нема да се игра – првпат по Втората Светска војна

Грен слем турнирот Вимблдон е официјално откажан, откако денеска на вонредната седница на организацискиот комитет беше донесена одлука овој турнир да не се игра годинава поради епидемијата на коронавирус, што е за првпат по Втората Светска војна.

Турнирот требаше да се одржи меѓу 29 јуни и 12 јули. Вимблдон е последната голема летна спортска манифестација што се одложува, заедно со Евро 2020 и Олимпијадата во Токио кои беа одложени за една година.

Инаку, ова требаше да биде 134. издание на најголемиот турнир на светот, но истиот ќе се одржи од 28 јуни до 11 јили наредната година.

Претходно се одложи и Ролан Гарос, кој требаше да стартува во мај, но беше презакажан од 20 септември до 4 октомври.

01.04.2020 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега