Вилма Русковска- нов шеф на Обвинителството за организиран криминал

Советот на јавни обивнители денеска ја избра Вилма Русковска, обвинителката која ја водеше истрагата за насилствата од 27 април, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

 

Покрај насилствата на 27 април, Русковска ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“.

На денешната седница на Советот на јавни обвинители беа избрани и шефови на скопското Вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи, во гостиварскто Вишо обвинителство Ислам Абази, за велешкото Основно обвинителство Гордана Тодорова, Елизабета Мишева во Кавадарци и Лиле Талевска за прв човек на битолското Основно обвинителство.

 

 

 

14.11.2018 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега