Вилма Русковска е суспендирана, додека Елизбаета Јосифовска и Ивана Трајчева добија дисциплински

Републичкиот јавен обвинител денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

 

За нив постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

„Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, велат од Јавното обвинителство.

Исто така, Вилма Русковска за „Прес24“ потврди дека е донесена одлука за нејзино суспендирање, додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава.

16.08.2022 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега