Вилијам исчезнал пред 22 години: Полицијата никогаш не го нашла телото, а сега со „Гугл мапс“ случајно најдоа потонат автомобил

Посмртните остнки на маж кој исчезнал пред 22 години на Флорида се пронајдени во потонат автомобил, кој е воочен на апликацијата Гугл мапс.

Вилијам Молд од Лантан, на Флорида исчезнал уште во 1997 година, после ноќно искачање не се вратил дома.

Тој се јавил да и каже на девојката дека брзо ќе се врати дома, но никогаш не се вратил.

Тоа било чудно бидејќи е бил пијан, а не излегол ни со непознат, од клубот излегол телефонирајќи на девојката со која живеел, па иако е покрената истрага телото не е најдено.

Но на 28 август оваа година, 22 години подоцна полицијата наишла на автомобил со тело внатре кој бил потопен во рибник во Велингтон.

Потонатиот автомобил го забележал поранешен жител на местото на „Гугл мапс“, па исконтактирал еден познаник кој со дрон го истражил местото и утврдено е дека во рибнникот има автомобил, па повикал полиција.

Полицијата претпоставува дека тој изгубил контрола над автомобилот, но сепак не може со сигурност да се знае што точно се случило пред 22 години.

Беј Феј чија куќа се наоѓа во близина на рибникот, вели дека никогаш не се виделе знаци на кочење или било што да укажува дека има автомобил внатре.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега