Виктор Стојанов: Нема потреба од илјадници, 150 граѓани од Софија ќе дојдат на гробот на Гоце

Околу 150 граѓани од Република Бугарија в сабота ќе дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, најави претседателот на здружението „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов во изјава за „А1он“.

– Јас исто така ќе бидам на граничниот премин Деве Баир иако немам право да влезам во Македонија. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев, затоа што тој е наш заеднички херој. Без навреди и тензии – рече Виктор Стојанов за „А1он“.

 

Тој вели дека нема потреба да доаѓаат илјадници луѓе, како и фудбалски навивачки групи, туку само обични граѓани кои го почитуваат македонскиот народ.

31.01.2023 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега