Викендов сончево и топло со висок УВ индекс, но не за долго - доаѓа нов влажен бран

 

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а  дневната од 28 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно стабилно и топло време. За викендов ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во вторник и в среда ќе има делумно зголемување на облачност и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.  

 

 

 

 

14.07.2018 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега