Викендов прскање против комарци по деветти пат во Скопје

 Град Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од претстојниот ќе се врши дезинсекција против ларви од комарци.

-Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 3 септември, в сабота, во раните утрински часови. Во текот на денот ќе се направи и терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје, известуваат од Градот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, од Град Скопје велат дека ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

01.09.2022 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа