Викендов промена на времето

До четврток ќе преовладува сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од утре ќе бидат во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, а на планините од снег.

Во следните три дена минималните температури ќе бидат во интервал од минус пет до шест степени. Максималните температури, пак, ќе бидат во интервал од девет до 20 степени. Ќе дува и слаб до умерен ветер. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега