Времето утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.


