УХМР најавува дека до недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, но со сериозно предупредување за викендот.

Утре (петок) и во сабота, врнежите на места ќе бидат пообилни (се очекуваат над $30 l/m^2$ за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.

Во главниот град се очекува променливо облачно време со повремени врнежи. Во сабота врнежите во делови од котлината ќе бидат поројни и пообилни, со услови за ретки грмежи.

Во недела се очекува продор на постудена воздушна маса, што ќе предизвика на повисоките планини дождот да премине во снег.

„Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат,“ соопшти УХМР.

Exit mobile version