Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот УХМР најавува сонце и многу топло време, но и невреме во попладневните часови.

Во петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

УХМР

Во сабота, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе одат до 34 степени.

Во недела, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер и максимални температури до 36 степени.

Веќе од понеделник не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе одат до 37 степени.

Exit mobile version