Викенд временска прогноза: Магливо и студено

За време на овој викенд ќе имаме претежно стабилно, суво но релативно студено време.

По котлините и долж Повардарието во текот на денот ќе има магла и ниска облачност, во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде магливо. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Во текот на утрешниот ден температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, преку денот истите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега