„Видовме жена како оди кон неговата куќа“ - трагедија во Шабац, ќерка го затекнала својот татко мртов во локва крв

Причината за смртта на 51-годишниот Љубисав Николиќ од Предворице кај Шабац, кој ќерката го затекнала со крвава глава, е утврдена, а засега се смета дека паднал во алкохолизирана состојба, а потоа искрварил во својот кревет.

Како што покажале првичните резултати од обдукцијата, тој искрварил после пад на глава. Како што се дознава, Љубисав бил во тешка алкохолизирана состојба, а имал и цироза на црниот дроб.

Во куќата на Николиќ во Предворац цела ноќ материјали собирале стручните криминалистички екпи од Нови Сад. Како што пишуваат српските медиуми, случајот бил посебно интригантен затоа што наликувал на самоубиство, но недостасувал предметот со кој е извршено самоубиството.

-Ми беше кум и пријател, исклучително вреден и чесен човек, но ете, во последно време му се предаде на алкохолот. Не го поддржував во тоа. Но, не вредеше - раскажала сосетката и добрата пријателка на Љубисав, Ружа.

Мештаните слично се изјаснуваат за Николиќ.

-Никого не закачаше. Поминуваше и велеше „добар ден“, немаше непријатели, така што не можеме да претпоставиме дека некој би го убил. Може да паднал негде пијан, па искрварил во кревет и починал - вели другата сосетка.

Мештаните исто така велат дека во последно време со Љубисав другарувала извесна женска личност, на која не ѝ го знаат името, но ја гледале со него. Велат дека инаку и таа често конзумирала алкохол, но и била насилна, а кобниот ден ја виделе со ќеси како оди кон неговата куќа.

Љубисав крвав го пронашла неговата ќерка, која веднаш ја алармирала полицијата и итната помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега