ВИДЕО: Жителите на Драч излегоа на улица по силниот земјотрес вечерва

По двата земјотреси што вечерва ја погодија Албанија голем дел од жителите, посебно на Драч излегоа на улиците видно вознемирени.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28 јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје. 

 

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега