ВИДЕО: Жичара удрила во дрва, - српската манекенка тешко повредена на имотот на кинески милијардер

Српската манекенка, 25-годишната Симона Андрејиќ поднела повеќемилионска тужба против милијардерот Чина Чуа откако била тешко повредена по пад на зип лајн на неговиот имот.

Чу повикал група млади модели, однсоно свои пријатели, на 17. јули да го посетат неговиот дом во Вестчестер, на кој има цела зграда полна со „супер автомобили“.

Србинката Симона тогаш, при возење на неговиот луксузен имот, со голема брзина удрила во дрво, а од јачината на ударот Симона останала заробена 50 метри над земјата, каде беспомошно висела два часа.

После тоа стигнале екипи на Брза помош кои ја спасиле Симона, а спасувачите потврдиле дека ја скршила карлицата и тоа на неколку места, раката ѝ била итно шиена, а потоа со хеликоптер била однесена во болница, една од најпознатите во САД.

Милијардерот се погрижил се да биде во ред со Симона, ја сместил во хотел со пет ѕвезди, а ѝ го дал и на користење својот ролс ројс за да може да оди на лекар кога ќе е потребно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега