ВИДЕО: Жестока кавга во авион - патничка нападнала стјуардеса и ѝ ги скршила забите

Полицијата ја привела Американката Вивијен Квинонез поради физички напад на стјуардеса за време на летот од Сакраменто во Сан Диего минатиот месец.

Според на исказите на сведоците, до физичка пресметка настанло откако вработена во Саутсвест Ерлајнс замолила жена правилно да носи маска над нос и уста, како и сите останати патници, и да се придржува на правилата во авионот.

Квинонет секој пат била глува на тоа што го кажува стјуардесата, а кога стјуардесата изгубила трпение и повишила тон, жената ѝ возвратила со удари во лице. Притоа ѝ искршила два заба.

На физичкиот напад се испречил друг патник, кој 28-годишната Американка ја усмерил на нејзиното место.

Целиот напад го снимила 57-годишната Мишел Манер која се враќала од годишниот одмор.

-Пет минути пред пресметката дошло до конфликт. Забележав врескање на две страни. Се расправаа околу правилно носење маска преку нос - рекла таа и додала дека веќе имала вклучена камера во моментот на нападот.

Освен казната која судот треба да ја утврди. на Квинонез ѝ е доживотно забрането да патува со Саутвест.

10.06.2021 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега