ВИДЕО: Жена лошо се паркирала - автомобил висеше над морето во Задар, а таа мирно седеше и чекаше спасувачи

Неверојатна сцена се случила во Задар, каде жена буквално милиметри ја делеле автомобилот да ѝ падне во море.

Автомобилот запрел и не паднал, но секое движење било закана да падне во море.

Жената, како што пренесува радио Задар, останала смирена  и мирно му се јавила на сопругот кој ја набљудувал акцијата на спасување.

„Жената со неверојатно трпение седеше во автомобилот и им препушти на професионалците да ја извршат својата работа“, наведуваат локалните медиуми.

Пожарникарите низ прозорот извлекле сајла, ја закачиле за красн и после тоа жената излегла од возилото.

„Цела се тресам“, рекла таа после прегледот во возилотот на Брза помош.

На прашањето што се случило, нејзиниот сопруг рекол дека погрешно паркирала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега