ВИДЕО: Жена фатена на дело додека краде новороденче од болница во Тајланд

Жена од Тајланд, 27- годишната Срвалук Актамасатен признала дека украла новороденче од породувалиштето бидејќи била исплашена да му признае на сопругот дека го изгубила своето.

Поради тоа што нејзиниот сопруг бил возбуден дека ќе стане татко, таа се плашела да му каже дека го загубила бебето минатиот месец.

Продолжила да се преправа дека  е бремена, а работата ескалирала кога отишла во болница за да се спријатели со пар кој штотуку добил ќерка.

Тогаш таа се јавила на сопругот дека се пораѓа и ќе остане ноќта во болница. Следниот ден се понудила да му помогне на парот кој штотоку добил ќерка, а потоа го земала бебто, а сигурносните камери ја снимиле.

Го земала детето и со мотор заминала дома и на сопругот му го покажала детето. Тој поверувал дека тоа е негова ќерка, меѓутоа полицијата брзо ја нашла.

Уапсена е истиот ден, а притоа го признала и делото по што и се заканува затвор од 3 до 5 години.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега