ВИДЕО: Жена била изгубена два дена среде море во Грција - чоколадите ѝ го спасиле животот

45-годишната Кушила Стајн од Нов Зеланд која се изгубила на море северно од грчкиот остров Крит, два дена преживувала на малиот чамец така што јадела слатки.

Таа се греела така што се замотала во пластични ќеси, пренесува Би-Би-Си. Како што наведуваат медиумите, на главата ставила црвена ќеса и огледало со цел да привлече внимание.

Нејзината мајка изјавила дека преживеала благодарение на тренингот за преживување на море. Стај му помагала на Британец да дојде до јужна Турција од Атина, а за време на патувањето одлучила да ги раздвижи нозете и со малиот чамец да отиде до островот Фоленгандрос.

Кога се враќала на јахатата, едното весло ѝ паднало во море и силниот ветер ја турнал далеку во длабочините на морето.

Бидејќи не се враќала, сопственикот на јахтата го пријавил нејзиното исчезнување на грчките власти, а во потрагата учествувале крајбрежната стража со чамци и хеликоптери.

Додека плутала по морето, на нејзиниот чамец го запишала своето име и контакт од нејзината мајка, плашејќи се дека нема да преживее, а откако била пронајдена била пренесена во болница поради дехидрација и смрзнување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2019 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега