ВИДЕО: Земјотресот во Измир снимен во продавница- цела минута не запира потресот

Земјотрес со јачина од 7 степени ги стресе грчките острови и дел од Турција во Егејското Море, а најпогоден е милионскиот град Измир.

 Во земјотресот во Измир загинаа најмалку шест лица ,а 257 се повредени , се наведува во официјалните податоци. Низ градот се слушаат врисоци , а во тек е потрагата по преживеани под урнатините. Над 20 згради се урнати или тешко оштетени.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Според Си-Ен-Ен Турк, земјотресот се почувствувал сè до Истанбул.

По земјотресот имало и неколку помали потреси, конкретно шест со јачина од 3,9 до 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Оваа снимка од надзорната камера од една продавница го покажува моментот на тресење на земјата, а по некое време снема и струја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега