ВИДЕО: Земјотрес ја изненади премиерката на Исланд со вклучување во живо - сите беа воодушевени од нејзината реакција

Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени го погоди денеска југозападниот дел на Исланд и предизвика тресење на зградите во главниот град Рејкјавик.

Засега нема извештај за можни повредени лица или материјални штети.

Исландската метеоролошка служба соопшти дека земјотресот удрил во 01:43 часот по локално време и дека епицентарот бил во Крисувик, околу 35 километри од Рејкјавик.

Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир во живо дискутирала за последиците од пандемијата кога се започнало да се тресе. Иако првобитно била многу изненадена, после тоа се пошегувала и смирено го продолжила разговорот.

„Уф, ова беше земјотрес. Но ова е Исланд', рекла премиерката и продолжила понатаму.

Вулканскиот Исланд е една од сеизмички најактивните земји во светот, иако повеќето штети кои го погодуваат прават мали штети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега