ВИДЕО: Затвореник избега од затвор во Оклахома спуштајќи се со чаршав од 12. кат

Затвореникот Пабло Робледо успеал да побегне од американскиот затвор во Оклахома, од 12 кат. Тој се спуштил низ зградата со врзани чарави заедно со неговиот цимер од ќелијата Хозе Хернандез. Полицијата успеала во петокот да го пронајде и уапси.

Хернандез за време на бегството ја скршил ногата. Тој паднал од четвртиот кат, соопштиле од полицијата. Портпаролот на затворот Мек Мулинг, изјавил дека останатите затвореници фрлале предмети врз полицајците, за да му помогнат на Робледо во бегството.

Снимките покажуваат дека Робледо избегал од затворот околу 5 и 30 часот утрото. Телевизискиот канал KOCO, потсетил дека во 1991 година, кога затворот бил завршен, неговите инженери и архитекти изјавиле дека поради неговиот дизајн, е невозможно да се побегне од него.

Затворот вредел 52 милиони долари, а само два месеци по неговото завршување, се случило првото бегство. Според приказните кои доаѓаат од Оклахома, 27 годишниот Бил Линвилезабио, бил првиот човек кој се обидел да избега. Тој бил слободен само седум часа.

По недела дена, се случило и второто бегство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега