ВИДЕО: Запросување на „Матурската парда“ во Скопје – момче клекна пред својата девојка

Овогодишната “Матурска парада” овие двајца матуранти долго ќе ја паметат, пренесува „Сител“.

Од училиштето велат дека сепак станува збор за шега. Матурантите беа дел од околу илјада средношколци, кои традиционално по 13-ти пат, на плоштадот „Македонија“ го одиграа танцот Квадрил.

Точно напладне во истовреме со нивните врсници од над 60 градови од земјава и од Европа, новото поглавје во нивниот живот матурантите го почнаа со давање заклетва за ненасилство.

Скопскиот градоначалник на матурантите им посака успешно лето и успех во новите предизвици.

Освен во Скопје, матурската парада беше одржана и во Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица и во Валандово.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007-та година во Скопје и во Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега