ВИДЕО: Започна свадбата, Ражнатовиќ кажаа „да“ - Цеца откри какви обичаи испочитувале

Попладнево Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Родиќ се заколнаа на вечна љубов во светиот храм Свети Сава.

По ова парот се венчаше и пред матичар, а потоа ги пречекаа и сите гости во луксузниот ресторан во Белград.

Медиумите со нетрпение ги чекаа првите нивни фотографии откако Богдана го облече невестинскиот фустан кој за кој долго се прашуваше јавноста како ли изгледа, додека свое второ одело облече и Вељко.

Парот првиот венчален танц го играше на песната „Мирор“ од Џастин Тимберлејк, а сите едногласно порачаа дека Богдана во фустанот изгледа како вистинска принцеза од бајките.

Анастасија и Цеца Ражатовиќ после венчавањето во црква се обратија до јавноста.

-Им посакав мир, среќа, благосостојба и сѐ она што доаѓа си успешен и среќен брак. Трема нема, едвај чекавме да дојде овој ден, секој ден го исчекувавме, оресреќни сме што ова се случи Ги испочитувавме сите обичаи, тоа беше желба на Вељко, а ние ги спроведовме на дело. Вељко сакаше да се ожени со Богдана, заљубени се и среќни - рекла Анастасија.

-Имавме разни обичаи, кумот го облекуваше, бричеше и му стави парфем. Кумот е од Кипар, па ги помешавме обичаите. Анастасија плачеше, ја разнежни целата ситуација, а јас бев среќна и весела. Ме носеше таа емоција. Прекрасно е кога луѓето се радуваат на нашата среќа - рекла Цеца.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2019 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега