ВИДЕО: Започна божиќното канење за Бадник и Божиќ- првата покана доаѓа од домот на Влатко Лозановски

На точно месец дена до најблескавиот период од годината, кога се слави Бадник и Божик, започна божиќното канење.

ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА доаѓа од домот на Влатко Лозаноски.

Едно е сигурно, и оваа година, најпопуларните поп пејачи во Македонија ќе се обединат околу Божикната пештера и ќе подготват голема БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА закажана за 6-ти Јануари (недела) во 11 часот, на голема бина, на платото пред Црквата „Св.Димитриј“.

За неколку дена, тие влегуваат во студио за да возобноват уште една православна Божикна песна, со што ќе го збогатат репертоарот на празнични православни песни што ќе ги остават во наследство на генерациите што доаѓаат.

А „Вечниот Бог“- како Божикна песна што веќе сите деца ја знаат, останува главен музички симбол на манифестацијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега