ВИДЕО: Запален автомобилот на насилниците кои ја обрабиле НЛБ Банка

Вооружен грабеж утрово околу 10 часот и 30 минути се случи во експозитура на НЛБ Банка во Чаир, на улицата „Ферид Бајрам“.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години вработен како обезбедување во банката. Било пукано внатре, но за среќа нема повредени.

Од НЛБ Банка се огласија по грабежот кој се случи утринава.

- Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж.Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, се вели во соопштението на НЛБ.

Инаку, Алсат објави видео од автомобилот со кој биле насилниците кои си заминале со парите, кој бил целосно опожарен.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега