ВИДЕО: Заложничка драма во банка - 11 убиени меѓу кои и дете

Единаесет лица, вклучувајќи и петмина заложници, се убиени во напад на две банки во североисточниот дел на Бразил.

Лајлсон Ландин, градоначалник на градот Милагерс, изјави дека шестмина разбојници ги нападнале банките денеска, пред зора, по што следувала жестока престрелка на ограбувачиуте со полицијата.

Во размената на оган, убиени се шестмината напаѓачи.

Ландин посочи дека се убиени и петмина заложници, меѓу кои и дете.

Локалните медиуми наведуваат дека воената полиција се пресметала со бандата. Очевидци тврдат дека престрелката траела повеќе од 10 минути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега