ВИДЕО: Загреб се затресе од силна експлозија - детонација ги разбуди граѓаните утрово

Во раните утрински часови, во околу 04:15 часот полицијата примила дојава за експлозија во Нов Загреб.

Јачината на експлозијата го разбудила скоро цел Нов Загреб, а според дојавата експлозијата се слушнала и во центарот.

До експлозија дошло, како што рекле од полицијата за Н1, покрај угостителски бојект.

Според првичните информации, нема повредени лица, а оштетен е угостителскиот објект и два прозори од станови.

Во тек е увид после кој ќе бидат познати повеќе информации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега