ВИДЕО: Загина лудиот Мајк - сакаше да докаже дека Земјата е рамна, камерите го снимија кобниот пад

Популарниот инженер кој леташе на ракета од домашно производство, Мајк Хјуз, познат како Лудиот Мајк, загина за време на еден од своите експерименти во САД.

Пуликата го памети по своето верување во теоријата дека Земјата е рамна плоча. Тој минатата година за агенцијата АП изјавил дека Земјата има облик на фрисби и дека има намера да одлета во космосот за да се увери во тоа.

Во саботата Хјуз планирал да се крене на виина од 1,5 километри на ракета од домашно производство во пустина, покрај градот Бастроу, во Калифорнија.

На видеото кое го снимиле собраните граѓани се гледа лансирање на ракета, проблем со отворање на падобранот и смортоносниот пад на астронаутот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега