ВИДЕО: Вулканот во Шпанија не се смирува - евакуирани уште три града

Властите на шпанскиот остров Ла Палма наредија евакуација на градовите Тахуја, Таканде де Абахо, и делови од Таканде де Ариба, кои досега не беа евакуирани по ерупцијата на вулканот.

Властите првично ги советуваа жителите на тие градови да останат дома, но потоа им рекоа дека мора да се евакуираат поради засилената вулканска активност.

Лава од вулканот Кумбре Вијеха на канарскиот остров Ла Палма тече низ падината на вулканот и уништува сѐ што е пред него веќе шести ден. Досега се уништени речиси 200 приватни и јавни објекти и голема површина земјоделско земјиште, а илјадници луѓе се привремено евакуирани.

Ла Палма беше во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 22.000 земјотреси за една недела во Кумбре Виеја, синџир вулкани што последен пат еруптираа во 1971 година и е еден од најактивните вулкански региони на Канарските Острови.

24.09.2021 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа