(ВИДЕО) Вучиќ го пречека Ердоган во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ го пречека неговиот колега од Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој денес и утре ќе престојува во официјална посета на Србија.

Ердоган стигна на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а таму го пречека Вучиќ, додека во присуство на турскиот претсеател имаше и голема делегација.

Свечениот дочек за турскиот претседател е закажан за утре пред Палатата на Србија, по што ќе следи состанок на Ердоган и Вучиќ, како и состанок на делегациите на двете земји.

Ќе биде потпишан и договор за унапредување на економските и политичките соработки меѓу двете земји.

06.09.2022 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега