ВИДЕО: Возачот на ЈСП дал се од себе - Пожарот направил штети на околните куќи

Двокатниот автобус со број пет кој гореше денеска во Ѓорче се запалил пред автосервис, а возачот излегол да го гасне пожарот, па повикал пожарна.

А1.он јавува дека возачот ги евакуирал сите патници, а пожарникарите интервенирале со две возила.

- Патниците безбедно излегоа, а автобусот почна повеќе да чади. Возачот се качи на вториот кат да го изгасне со ПП апарат, но почна да гори цел. Мирисаше на пластаика. Пожарна дојде по десет минути, вели очевидец за порталот.

На околните објекти е направена штета, има напукнати прозорци и ролетни, а за среќа повредени и жртви нема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега