ВИДЕО: Вонредна состојба во Венеција - повеќе од 80 отсто од градот е под вода

Италијанската влада прогласи вонредна состојба во Венеција за побрзо да се обезбедат фондови за санирање на штетата која ја направи најголемата плима во последните 50 години.

Владата на попладневниот состанок одобри посебна наредба во склоп на вклучените први мерки чија цел е помош и поправање на градот.

Повеќе од 80 отсто од градот припаѓа на Унеско.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поплавата ја опишал како „удар во срцето на нашата земја“.

Тој рекол дека владата ќе делува брзо за да обезбеди средства и ресурси.

„Ме боли што градот е толку оштетен, уметничката градина е загрозена, комерцијалните активности на колена“, рекол Конте кој го посетил регионот во средата.

Додал дека владата ќе ја забрза изградбата на структурална одбрана на градот, мислејќи на таканаречениот Мосеов проект - хидрауличен систем бариери за заштита на крајбрежјето во случај на пораст на нивото на морето при зимските бури.

Градоначалникот истакнал дека штетата се мери во стотици милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега