ВИДЕО: Во регионот врнеше снег без престан - зима дојде уште во октомври

На социјалните мрежи, корисниците споделуваат снимки од снег што започна да паѓа на Бабановац, Влашиќ, но и во другите делови на Босна и Херцеговина.

Овие снежни врнежи биле очекувани со оглед на тоа што Федералниот хидрометеоролошки институт претходно најавил дека ќе паѓа на планините.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи негодуваат поради снегот и наведуваат дека би било убаво снегот да паѓа само на планините, а не и подолу во градовите.

Заладувањето во Србија донесе снег оваа сезона на Тара, Златибор, а побелеа и врвовите на Златар, Јадовник и Муртеница.

Планините во западна Србија побелеа синоќа под првиот снег, главно влажен кој се топи.

Според најавите на метеоролозите, денеска на високите планини се очекува снег. Ќе биде студено и ветровито.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега