ВИДЕО: Во налет на две торнада загинаа три лица - на истото место пред 8 години невреме усмрти 161 лице

Најмалку две торнада ја погодија областа во близина на Џоплин во американската сојузна држава Мизури, а засега нема извештаи дали има повредени.

Директорот на Агенцијата за природни катастрофи во округот Џаспер, Кит Стамер, соопштил дека едно торнадо е забележано северозападно од градот Карл Џанкшн, оддалечен околу 6 километри од Џоплин, пренесуваат медиумите.

Според неговите зборови, полицијата оди од куќа одо куќа и се распрашува дали има повредени. Стамер додава дека се оштетени кровови од куќи, огради, земјоделски згради и бандери.

Силно торнадо го погодил Џоплин пред 8 години, кога загинале 161 лице, а била нанесена и огромна материјална штета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега