ВИДЕО: Во Индонезија постојано нови несреќи - после поплавите, земјотресот и падот на авионот, сега проработе и вулканот

Над десетина илјади луѓе се евакуирани од своите домови, а повеќе од 15 настрадале во петходните денови во поплавите кои го погодиле прво островот Борнео, соопштиле индонезиските државници.

Портпаролката на Службата за ублажување на катастрофи Радитј Џати рекла дека поплавите кои биле предизвикани од силните дождови донеле бранови до три метри, пренесува АП.

До денес, 39.549 лица биле евакуирани од домовите, а загинале најмалку 15 лица.

Неврзано за тој дел од островот Борнео кој е тешко погоден од природни непогоди, уште пет лица загинале, а 500 биле евакуирани од поплавите и свлечиштата во градот Манадо, додека едно лице се води како исчезнато.

Исто така, денеска приработел и еден од најактивните вулкани во Индонезија, Морапи.

Бројот на жртви од земјотресот се зголемил на 85 откако спасувачите денеска извлекле уште неколку тела кои биле струпани под рушевините. Војската успеала да оспособи отсечени патишта за да овозможи помош.

Итните служби почнале да ги оспособуваат и комуникационите системи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега