ВИДЕО: Во битолската болница поставиле чадор во тоалетот за да не им течат фекалии- пациент покажа какви се условите

Вчера со брзина на светлината се прошири информацијата од битлската болница во кој во иста просторија двајца пациенти примаат инфузија, додека до нив лежат две мртви тела, а веднаш потоа од истст болница се појави уште едно видео.

Видео кое го опишува целиот хаос во болницата го снимил пациент од болницата во Битола преку видео снимка објаснува какви се условите во одделението кое се наоѓа веднаш до ковид центарот на болницата.

Имено, тој детално ги објаснува деловите, а посебно се задржува на тоалетите каде што како што вели тој во еден од нив има поставено и чадор со цел да не капат фекалии врз главите на пациентите додека извршуваат нужда, а вели дека и светлото било поставено од нив, односно од пациентите.

Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа