ВИДЕО: Вистински ужас во Русија - автомобил пропадна во дупка со врела вода, двајца мажи буквално живи се сварија

Двајца Руси буквално „живи се свариле“ кога нивната „лада“ изненадно паднала во дупка полна со врела вода која се отворила во рускиот град Пенза.

Двајцата мажи починале на лице место затоа што биле заробени во автомобилот.

Вознемирувачките фотографии покажуваат како дизалица ги извлекува нивните тела, заедно со автомобилот, пишува Дејли Меил.

Оваа несреќа се случила кога пукнала цевка со врела вода под паркинг.

„Каков ужасен начин некој да умре - во еден момент возиш автомобил, а следниот се потпопуваш во подземна врела вода“рекла една жена која се нашла на местото на трагедијата.

Новинар од локалните медиуми рекол дека друг автомобил поминал преку истото место неколку минути пред несреќата.

„Возачот виде дека пареа почна да излегува од асфалтот и безо замина подалеку. Тогаш наиде несреќана „лада“. Штом се паркираа асфалтот почна да пука и се отвори“, пишува локалниот портал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега