ВИДЕО: Виетнам погоден од најсилниот тајфун во последните 20 години - ветер дуваше 150 километри на час, две лица настрадаа

Најмалку две лица настрадале, а два рибарски брода со 26 членови екипаж се потопени, во налетот на тајфунот во Виетнам, кој се смета за еден од најсилните во последните 20 години.

Ветерот со брзина до 150 километри на час усмртил човек туркајќи го од кров додека се обидувал да го поправи.

Друг маж загинал кога врз него паднало дрво во приморската провинција.

Морнарицата распоредила два чамци за спасување кои трагаат по 26-те рибари во близина на провинцијата Бинх Динх.

Најмлку 40.000 луѓе се евакуирани од блиските села во засолништа.

Провинциските власти ги затвориле канцелариите, фабриките и училиштата и побарале од живтелите да останат во затворен простор.

Виетнам се уште закрепнува од обилните поплави и свлечишта во кои настрадаа 136 луѓе, а исчезнале над десетина луѓе во три провинции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа