ВИДЕО: Ветер како торнадо забележан во близина на езеро - ваква глетка 6 години не е видена во БиХ

На Билеќко езеро за време на викендот еден од жителите со камера забележал силен ветер кој настанал поради влошување на времето во источна Херцеговина.

Вакви ветришта инаку настануваат во топлите и спарни денови, а еден таков бил виден на најпознатото вештачко езеро на подрачјето на Босна и Херцеговина.

Наведено е дека ова е прва ваква бура во БиХ после 6 години.

Претходно биле забележани на езерото Модрац кај Тузла, и во Ламници кај Градишка 2014 година, а првата некогаш забележана во БиХ е во 2006 година во Приједор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега