ВИДЕО: „Венеција е на колена“ - маж загина во поплава, материјалните штети изнесуваат стотици милиони евра

Штетата од поплавите кои ја погодија Венеција најверојатно ќе достигнат неколку стотици милиони евра, соопштил градоначалникот Луиџи Бруњаро.

„Венеција е на колена“, напишал Бруњаро на Твитер и додал дека базиликата на Свети Марко претрпела огромна штета, како и целиот град, пренесува АП.

„Ситуацијата е драматична, ќе бараме од владата да ни помогне. Цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени“, напиша Бруњаро.

Истовремено, надбискупот Франческо Моралја на конференцијата за медиумите рекол  дека историската базилика на Свети Марко претрпела непоправлива штета, пренесува Ројтерс.

Венеција ја погоди втор голем бран плима во историјата, поплавувајќи ја базиликата и многу градски улици и продавници.

Поплавите однеле и една жртва. Станува збор за 70-годишен маж кој го изгубил животот од струен удар кој го претрпел обидувајчи се да ја вклучи пумпата во својата поплавена куќа, пренесува АП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега