ВИДЕО: Вакво снежно невреме немало 50 години во Канада - се очекуваат уште врнежи на снег

Канада е завеана со снег, а вакво снежно невреме немало цели 50 години. 

Во петокот во Њуфаундленд и Лабрадор, за само едно деноноќие се формирала снежна покривка од повеќе од 70 сантиметри. До недела веќе беше прогласена вонредна состојба, а напомош се испратени и војници.

Ова е можеби најлошата бура во изминативе 50 години, а наводно, се очекуваат уште врнежи од снег.

Снежно невреме деновиве има и во Шпанија. Но, куќите на Канаѓаните беа завеани до покривите.  Ветерот дуваше со брзина од 130 км на час, а метеоролозите најавуваат нови снежни врнежи. Наносите од снег се повеќе од 4 метри. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега