ВИДЕО: Вака воспитува мексиканската полиција - со мотика по гол задник

На интернет кружи снимка од бруталното казнуваље на еден мексикански криминалец од страна на тројца полицајци.

Имено, мексиканските медиуми пренеле дека момчињата биле фатени поради кражба, а потоа полицајците одлучиле да го казнат пред тоа да го направи судот.

Додека двајца го држеле, еден му соблекол панталони и долна облека, а потоа почнал да го удира по задникот со огромен стап.

Во еден момент полицаецот им вели на своите колегите: „Соблече му ги панталоните“.

И додека момчето врескало и скокално од мака, еден од полицајците одлучил да го фати за нозе за да не бега, додека другиот дофрлил: „Држи му ги нозете“.

Инаку ваквите сцени не се реткост во Мексико и веќе се појавиле снимки каде полицијата брутално се пресметува со криминалците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега