ВИДЕО: Вака летал хеликоптерот пред да удри во зграда во Менхетн - изгубил контрола и изчезнал во магла

Откако хеликоптер удри во висококатница од 54 спрата на Менхетен, на интернет се појавија снимки од леталото пред несреќата.

После неуспешното слетување настрада пилот. Како што може да се види на снимките, хеликоптерот летал додека не исчезнал во магла. Набрзо после тоа, се запалил пред слетување.

Медиумите пренесуваат дека хеликоптерот сакал да слета на кровот на една зграда, но дека пред слетувањето настанал пожар. Очевидците истакнале дека почувствувале дека зградата се тресела.

Солитерот веднаш бил евакуиран, а на лице место има многу доктори и пожарникарни екипи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега