ВИДЕО: Вадевме изгорени тела додека се гасеше пожарот, сведочи командирот на пожарна

Заменик командирот на противпожарната бригада во изјава за телевизиј Алсат потврди дека има жртви во пожарот, но не се знае точната бројка. Пожарот е гасен со 7 возила и над 30 пожарникари.

„Во 21 и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во Тетово. Екипите за 3-4 минути пристигнаа со 7 возила и над 30 пожарникари. Кога пристигнаа екипите целата болница беше во пламен. Додека се гасеше пожарот се вадеа и жртви. Не знаеме колку точно жртви имаше. Не можеме да кажеме од што настанал пожарот“, вели заменик командирот на противпожарната бригада.

08.09.2021 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега