ВИДЕО: Уште едно убиство ја крена Америка на нозе - полицаец пукал кон насилен маж

Нереди избија уште еднаш во американскиот град Ланкастер, во Пенсилванија, после уште едно полициско убиство. Убиен е 27-годишниот Рикардо Муноз.

Да потсетиме, протестите ширум Америка  траат од мај кога при апсење беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Сепак, како што покажуваат и безбедносните камери, убиството на Муноз било поинакво.

Полицаецот очигледно запукал во самоодбрана, бидејќи Муноз го нападнал со нож. Осомничениот излетал од куќа и тргнал да го нападне на полицаецот, држејќи нож над глава, во положба подготвена за напад.

Полицаецот потоа извлекол пиштол и почнал да пука во Муноз.

Инаку, неименуваниот полицаец дошол на таа адреса откако жена пријавила дека нејзиниот брат е агресивен кон нејзината мајка и дека се обидува насилно да влезе во куќата.

Набрзо потоа било потврдено дека Муноз минатата година бил уапсен, затоа што со нож избодел неколку луѓе во Ланкастер. Кога полицијата го фатила, држел нож на својот врат, но полицијата успеала да го совлада.

Се наведува дека бил ментално болен, со дијагностицирано биполарно пореметување и шизофренија. Неговата сестра потврдила дека некое време не земал лекови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега