(Видео) Украинците објавија видео: „За прв пат соборивме ирански дрон“

 

Украина денеска соопшти дека урнала четири т.н беспилотни летала камикази од иранско производство, кави што користи руската армија.

Поради ова, украинскиот претседател официјално му се пожали на Иран, тврдејќи дека официјален Техеран им помага на Русите во нападите врз украинските цивили, пренесува Ројтерс.

Вооружените сили на Украина на југот на земјата соопштија дека четирите летала Шахед-136 биле соборени во близина на пристанишниот град Одеса.

Украина и САД го обвинија Иран дека испорачува т.н Камикази беспилотни летала за Русија, а Техеран тоа го демантираше.

„Сметаме дека таквите акции на Иран се потези против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, но и против животот и благосостојбата на украинските граѓани“, рече Зеленски.

Воени експерти велат дека Русија најверојатно користи ирански беспилотни летала за извидување, но и за напади.

Денеска, еден украински воен офицер објави видео на социјалните мрежи за кое тврди дека покажува беспилотно летало со долг дострел  кое за прв пат е соборено од украинските сили над морето.

 

23.09.2022 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега