ВИДЕО: Учениците го гаснеле пожарот - Драма во ветеринарното училиште во Драчево

Пожар избувна утринава на фармата, која е дел од средното ветеринарното училиште “Браќа Миладиновци” во Драчево. Нема повредени во инцидентот, а учениците веднаш ги евакуирале животните од непосредната близина. Пожарот се случил додека средношколците им носеле храна на животните на фармата. Најверојатно дошло до контакт меѓу најлон од храната и електричен кабел. За кратко време огнот го зафатил целото сено, објавува Сител.

-Учениците многу трезвено размислуваа на кој начин да постапат. Најпрво ги евакуираа животните кои се најблиску до пожарот, а потоа почнаа и самите да го гасат. Во меѓувреме, додека тие го правеа тоа, ние повикавме пожарна. Тие дојдоа за многу брзо време, вели Елизабета Ангелеска, директорка на СУГС Браќа Миладиновци.

Според првичните проценки, штетата на фармата каде учениците изведуваат практична настава, изнесува околу 1.000 евра, но поголем проблем е што е уништена целата храна за животните на фармата.

Повеќе од два часа пожарникарите го гасеа огнот на фармата, каде се наоѓаат голем број домашни и диви животни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега